Connect with us

Фудбал

Погледнете што промаши Лукаку, затоа Челзи не го сака назад, а Интер не сака да го задржи (ВИДЕО)

Пред само неколку дена Лукаку во дресот на Белгија постигна хет-трик против Шведска во квалификациите за ЕУРО 2024-та. Сепак, во дресот на Интер воопшто не му оди. Човекот кој пред две сезони со добрите партии беше најзаслужниот што му ја донесе титулата на Интер, сега е непрепознатлив. На мечот со Фиорентина, кој „Нероаѕурите“ го загубија со 1:0 на домашен терен се изнапромаши. Во 48-та минута при 0:0 не успеа да погоди од ситуација која беше идеална.