Фудбал
Покетино ги носи Баркли и Лук Шо, кој се на излезна врата со овој потег!?
Маурисио Покетино и Тотенхем се огласија околу играчите кои се мета во Јануари.
Покетино има намера да го засили својот тим со двајца млади, но веќе докажани фудбалери кои биле и англиски репрезентативци. Тој ги посакува Рос Баркли (24) од Евертон и Лук Шо (22) од Манчестер јунајтед во составот на Тотенхем.
Англискиот репрезентативец Рос Баркли воопшто нема играно оваа сезона поради повреда, но не го продолжи договорот со Евертон.
Доаѓањето на Лук шо би можело да се реализира многу полесно. Тој доби порака од Жозе Мурињо дека може да го напушти Манчестер јунајтед, но неговиот агент е во преговори да добие одредена отштета за предвремено раскинување на договорот.