Connect with us

Фудбал

Покетино го одбил Монако, бидејќи кажал „ДА“ за следната сезона на италијански гигант

Поранешниот тренер на Тотенхем, Маурисио Покетино, ја одби понудата за преземање на француски Монако, откако ветил дека ќе го предводи италијанскиот Јувентус во следната кампања.

„Кнезовите“ го претставија Хрватот Нико Ковач за нивни нов тренер вчера, но италијанските медиуми брзо излегоа со информации дека поранешниот тренер на Баерн Минхен не бил првиот избор на тимот, откако тоа бил Покетино.

Според „Ла Стампа“, аргентинскиот стручњак му ветил на Јувентус дека следната сезона ќе го замени досегашниот тренер Маурицио Сари.

Сари е на пат да ја освои титулата во Серија „А“, но настапите на „бјанконерите“ не се убедливи, бидејќи клубот има и дефицит од 1-0 по првиот натпревар од осминафиналето од Лигата на шампионите против Лион. Неубедливите настапи на „Старата дама“ го натераа раководството да бара алтернативи за италијанскиот стратег.

Самиот Покетино веќе призна дека ќе биде вистински сон за него да го преземе Јувентус во одреден момент од неговата кариера.