Фудбал
Покетино и Зидан се фаворити за нов менаџер на Челзи
Маурисио Покетино е фаворит да го замени Томас Тухел на местото менаџер на Челзи, пренесуваат медиумите на Островот.
Тухел доби отказ по крајно разочарувачкиот старт на сезоната на лондончани и поразот од Динамо Загреб во првиот натпревар од групната фаза на Лигата на шампионите.
Според информациите од раководството на Челзи, веќе воспоставиле контакт со Покетино, кој си поставил услови да застане на чело на тимот од Стемфорд Бриџ.
Аргентинецот неодамна беше тренер на Пари Сен Жермен, а претходно ги водеше екипите на Тотенхем и Саутемптон.
Друг кандидат за веќе испразнетото место на Тухел е Зинедин Зидан. Новиот сопственик на Челзи, Тод Боели е амбициозен да го доведе Зидан на Стемфорд Бриџ.