Connect with us

Фудбал

Покетино: Покажавме карактер по негативата од два гола

Менаџерот на Тотенхем Маурисио Покетино изрази задоволство од играта и резултатот на неговиот тим синоќа на гостувањето кај Јувентус во првиот дуел од осминафиналето во Лигата на шампионите.

Тотенхем се врати по водството на домаќините со 2:0 по само девет минути игра. На крајот беше 2:2.

– Лошо почнавме и примивме два гола за само девет минути. Сепак не се предадовме и покажавме карактер за што им честитам на фудбалерите. Да се одигра така против тим како Јувентус на неговиот стадион е голема работа. Во фудбалот секогаш треба и среќа. Имаме добар резултат, но да не заборавиме дека Јувентус е компактен тим. Се надеваме дека ќе можеме да победиме на реваншот на „Вембли“ истакна Покетино.

Реклама
Реклама

ФОТО

Повеќе од Фудбал

WP Facebook Auto Publish Powered By : XYZScripts.com