Connect with us

Фудбал

Покрај Азар, и Куртоа одбива продолжување на договорот, сакаат да преминат во Реал Мадрид

Повторно лоши вести за навивачите на Челзи, после Азар и Куртоа одбива продолжување на договорот.

Според „АС“ Куртоа има голема желба да се врати во Мадрид, но не во редовите на Атлетико каде што настапуваше од 2011 до 2014 година туку во редовите на шампионот на Европа, каде што би го наследил Кејлор Навас.

Главната причина поради која Куртоа инсистира на трансфер во Мадрид е што неговите деца живеат во тој град, токму и поради тоа одбива да потпише нов договор со „сините“.

Неговиот договор со Челзи истекува во летото 2019 година, Челзи сака да го задржи , но Белгиецот е одлучен во својата намера да се врати во престолнината на Шпанија.