Фудбал
Пол Погба го намали изборот на два клуба
Пол Погба ќе го напушти Манчестер Јунајтед на лето. Ова стана јасно по неодамнешната изјава на Мина Рајола кога тој остро го критикуваше клубот од „Олд Трафорд“.
На Погба во Јунајтед не му оди како што планирал. Никогаш не беше во можност да стане лидер на тимот, а честите проблеми со повредите, особено оваа сезона, значително го забавија, а неговиот квалитет е доведен во прашање.
Според извештаите на медиумите во Шпанија, францускиот играч од средниот ред ја намали селекцијата на следниот клуб каде што ќе игра на две опции. Тој ќе избере помеѓу одење кај „Кралевите“ или враќање кај „Бјанконерите“.
Поточно, Погба се гледа во два клуба во иднина, имено Реал Мадрид и Јувентус. Зинедин Зидан го чека со отворени раце на клупата на „Кралевите“, додека во редовите на „Бјанконерите“ го играше својот најдобар фудбал.
26-годишниот играч досега регистрираше само осум натпревари оваа сезона, а најголемиот дел од сезоната го пропушти поради сериозна повреда на глуждот. Договорот со „Црвените ѓаволи“ трае до летото 2021 година.