Поврзи се со нас

Фудбал

Пол Погба призна дека неговиот сон е да игра за Реал Мадрид

Францускиот репрезентативец и играч за врска на Манчестер Јунајтед, Пол Погба сонува за дресот на Реал Мадрид.

Договорот на Погби со Јунајтед завршува летото 2021 година и тој во иднина би можел да игра за Реал, со кого се поврзува откако Зинедин Зидан беше тренер на клубот.

„Сите фудбалери би сакале да играат за Реал Мадрид. Тоа е и мојот сон, но сега сум играч на Јунајтед“, рече Погба.

Тој истакна дека се надева дека еден ден ќе го облече кралскиот дрес и тоа може да се случи во следната година.

Погба потпиша петгодишен договор со „црвените ѓаволи“ во 2016 година, но навистина не блескаше во последните неколку сезони и често беше поврзуван со други тимови, особено со поранешниот клуб Јувентус и со Реал поради Зидан.

Advertisement