Connect with us

Фудбал

Пол Погба веќе избра нов клуб и не изненади

Пол Погба најверојатно ќе го напушти Манчестер Јунајтед на крајот од оваа сезона.

Договорот на 28-годишниот играч за врска со Јунајтед истекува на крајот од сезоната и засега нема индиции дека ќе биде продолжен.

Погба најверојатно ќе го напушти „Олд Трафорд“ како слободен играч, а престижниот француски весник „Л’Екип“ открива дека Пол би можел да ја продолжи кариерата во ПСЖ.

Според информациите со кои располагаат новинарите на „Л’Екип“, ПСЖ покажува голем интерес за потписот на Погба, а на фудбалерот не му пречи да го облече дресот на парискиот тим.

Нема да биде изненадување доколку Погба стане ново засилување на францускиот великан, иако за неговите услуги се заинтересирани и Реал Мадрид и Јувентус.

Тимот од Париз засега е во најдобра позиција да потпише со репрезентативецот на Франција и сите шанси тоа да се случи.

Така Погба по шест години ќе го заврши својот втор мандат во Манчестер Јунајтед, каде повторно не покажа зошто важи за еден од најдобрите играчи од средниот ред во светот.

Овој фудбалер само повремено блескаше во дресот на „црвените ѓаволи“, често беше надвор од теренот поради повреди, па на 212 натпревари постигна 38 гола.