Connect with us

Фудбал

Пол позиција за Хамилтон во Јапонија, Ферари тотално потфрли

Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон ја освои пол позицијата на утрешната трак за големата награда на Јапонија.

Хамилтон утрово беше одличен и дојде до својата 80. пол позиција во кариерата. Мерцедес викендов го започна на одличен начин затоа што од втората позиција ќе стартува Валтери Ботас. Хамилтон најбрзиот круг го извози за 1:27.760, додека Ботас постигна време од 1:28.059.

Возачите на Ферари уште еднаш потфрлиа. Кими Раиконен ќе стартува од четвртата позиција, додека Фетел ќе стартува дури од деветтата позиција затоа што ги изненади дождот во третиот круг од квалификациите кој беше се посилен до самиот крај, па возачите на Ферари не можеа да го подобрат нивно време.

Третото место во квалификациите му припадна на Макс Верстапен кој вози одлично во последно време. На петтото место изненадувачки заврши Роман Грожан, а зад него Брендон Хартли, Пјер Гасли и Естебан Окон. На десеттото место на крајот заврши Серхио Перез.