Поврзи се со нас

Фудбал

Полиција упадна во Бенфика, се истражува наместена титула

Специјалните полициски сили извршија претрес во просториите на Бенфика на стадионот Луз во Лисабон во понеделникот , откако се појавија нови обвинувања за местење на шампионската титула од португалскиот великан.

Според информациите од оваа земја, истражителите претежно престојувале во канцеларијата на претседателот Луис Фелипе Оливеира, познатата просторија број 18 на најголемиот португалски стадион.

Енрике Мачадо, уредникот на црната хроника на локалната телевизија , објави дека се истражува сезоната 2015/16. инаку под водство на тренерот Руи Виторија во кој Бенфика беше шампион на земјата.

Победите, тврди новинарот, биле постигнати со тоа што Бенфика ги поткупила противничките играчи, како со пари, така и со ветување дека ќе имаат профитни договори во иднина.

Кај Србите, Лука Јовиќ (два настапи, без погодок) и Љубомир Фејса (28 натпревари, без погодок) го носеа црвениот дрес на Бенфика во спорната сезона.

Патем, Бенфика е еден од најпопуларните клубови во Португалија, кој со децении важи за „држава во држава“, бидејќи членовите на управата на клубот и „социо“ често се луѓе од највисоките државни структури.

Претходно се соочуваше со слични обвинувања, во кои водеше големиот ривал Порто, но досега не и е одземена ниту една сомнителна титула.

loading...

Facebook