Connect with us

Други спортови

Полицијата го пронајде исчезнатиот олимпиец од Уганда

Спортист од Уганда кој исчезна во Јапонија сега е пронајден.

Јулиус Секитолеко е кревач на тегови од Уганда, кој пристигна во Јапонија како член на олимпискиот тим на неговата земја уште во јуни, но неодамна беше објавено и неговото исчезнување.

Неговиот тим остана во Изумисан, град во близина на Осака, од каде замина 20-годишниот Секитолеко и остави порака зад себе.

„Предаде ги сите мои работи на мојата сопруга. Сакам да останам и да живеам во Јапонија затоа што не сакам да се вратам во Уганда“, напиша тој.

Jулиус бил пронајден во западна Јапонија и полицијата го испрашувала за тоа што се случило и зошто тој избегал од хотелот во кој престојувал.

Секитолеко не успеа да го освои учеството на Олимписките игри и мораше да се врати во Уганда, но поради некоја причина не сакаше, па реши да побегне.

Без него, олимпискиот тим на Уганда тргна кон Олимпиското село.