Фудбал
Половина од Ла Лига во трката за 20-годишен талент во одбраната
Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед започнаа трка за да ги обезбедат услугите на 20-годишниот дефанзивец Мохамед Салису, кој настапува во Ла Лига со екипата на Реал Ваљадолид.
Според шпанскиот весник „АС“, играчот чини околу 12 милиони евра и оваа сезона има одиграно 19 натпревари прикажувајќи се во одлично светло.
Централниот бек од Гана се смета за еден од најсилните во моментов според неговата улога, па затоа купувањето на него е важна инвестиција за иднината.
За Салису се заинтересирани и Валисо, Хетафе и Атлетико Мадрид, кој исто така гарантираат можности за играчот да биде поактивен на теренот.
