Фудбал
„Помал“ клуб пред „големиот“: Рабиот реши да ја продолжи кариерата во Англија
Во моментов Евертон е, наводно, главниот кандидат за потпишување на Адриен Рабиот.
Поранешниот играч на ПСЖ пристигна во Јувентус како слободен агент минатото лето, но тој не ги исполни очекувањата и не е задоволен од минути што му ги даде Маурицио Сари.
Тој исто така го испровоцира гневот на клубот затоа што доцнеше по карантинскиот период во Торино, а сега се реши сам да оди во Англија.
Тој, наводно, е најблиску до Евертон и поранешниот тренер Карло Анчелоти, додека во исто време ја одбил понудата од Манчестер Јунајтед.
Покрај споменатите тимови, тој се поврза и со Арсенал, Њукасл и Вулверхемптон.