Connect with us

Фудбал

Поместен почетокот на Светското првенство во Катар

Светската фудбалска федерација (ФИФА) одлучи да го помести датумот за почеток на Светското првенство во Катар.

Сега и официјално е потврдено дека стартот на првенството ќе биде одложен за еден ден.

Одлуката за промена на датумот е донесена поради тоа што Катар како домаќин сака да го одигра првиот натпревар на првенството. ФИФА излезе во пресрет и Светското првенство ќе започне во недела на 20 ноември, односно ден порано од планираното.

Според првичниот план, Мундијалот требаше да биде отворен со меч меѓу Холандија и Сенегал, но тоа нема да се случи бидејќи домашната селекција прва ќе излезе на терен.

Остатокот од распоредот нема да се промени. Се ќе се игра според планот и програмата, сега и официјално е објавено дека Катар и Еквадор ќе го отворат турнирот на 20 ноември во 17 часот.

Ден подоцна играат Сенегал – Холандија, Англија – Иран и САД – Велс.

Земјите домаќини ги играат првите натпревари на Мундијалот од 2006 година, а дотогаш бранителот на титулата беше тие што го отвори Мундијалот.

Светското првенство во Катар е единствено по многу нешта. Тоа е прво Светско првенство кое се игра наесен, а така е решено поради високите температури кои владеат во оваа земја, а играњето во летниот период едноставно би било невозможно.

Играчите и репрезентациите ќе имаат малку време за подготовки. Првенствата генерално ќе престанат на седум дена пред почетокот на Светското првенство, а многумина сметаат дека тоа ќе биде доста проблем.

Исто така, нема да има премногу време за одмор и по завршувањето на првенството. Фудбалерите веднаш се враќаат во клубовите, а особено тешко ќе им биде на фудбалерите од англиската Премиершип, кои имаат многу напорен распоред за време на новогодишните и божиќните празници.

Сепак, правилото за пет замени што останува на сила треба да им олесни на сите, а тренерите ќе можат максимално да ги одмораат главните играчи на одредени натпревари.