Connect with us

Фудбал

Помина 1-ви јуни, Меси не ја активираше клаузулата

Навивачите на Барселона можат да бидат спокојни. Лионел Меси нема да замине од Барселона, барем не ова лето. Имено, во неговиот договор имаше клаузула која вели дека на 1 јуни може да ја активира и да замине, пред истекот на договорото со Барселона.

Иако во изминатите месеци се шпекулираше многу за неговата иднина, пред се поради нарушените односи со раководството на клубот, сепак Аргентинецот одлучи да не ја активира клаузулата и барем ова лето останува на „Камп Ноу“.

Меси има договор со Барселона до 2021 година, а се уште нема преговори за продолжување на соработката.