Фудбал
„Поминав месеци во болничка соба. Не можев да го отворам ниту прозорецот и сега да ми биде тешко?“
За Синиша Михајловиќ, ова е секако најтешката сезона во неговата кариера.
На Михајловиќ лани му беше дијагностицирана леукемија, поради што помина неколку месеци во болница на хемотерапија. Пред неколку недели српскиот стручњак беше пуштен дома, но потоа се појави пандемија на коронавирус која промени сè.
Лидерите на Болоња се свесни дека Михајловиќ е во групата со висок ризик и дека веројатно би било погубно за него да се зарази со коронавирус. По повик на лекари, тој отишол во Рим за да остане во изолација со семејството.
Многумина веруваа дека ќе му биде тешко на српскиот стручњак, што не би бил со неговите играчи, но за него не беше баш така. Тој рече дека има привилегија да биде заедно со неговото семејство.
„Поминав месеци во болничката соба. Не можев да го отворам ниту прозорецот. Дали навистина е проблем некој да остане дома со семејството во моментот? За мене, тоа е привилегија после сè што поминав и го ценам секој момент во друштво на семејството“, рече Михајловиќ. .