Connect with us

Ракомет

Помислата дека имаме пет бода повеќе од Вардар е неверојатна

Кога станува збор за групата А во Лигата на шампионите, во која се наоѓа македонскиот првак, Вардар, најголема причина за задоволство има Барселона. Каталонскиот гигант благодарение на низата од девет победи во „зимскиот сон“ ќе замине на првото место на табелата, пред Вардар кој има пет бода помалку.

Токму ваквиот распоред го радува стратегот на Барселона, Чави Пасквал.

-Помислата дека имаме пет поени предност во однос на Вардар е неверојатна. Следи пауза, ќе одиграме четири-пет меча во Шпанија. Сега знаеме дека ова е патеката која треба да ја следиме, рече Пасквал по триумфот над Мешков Брест од 41-32, а ЕХФ неговата изјава ја прогласи за број еден по десетото коло.

Барселона има 18 бода, девет победи во низа и е на добар пат да го урне рекордот од сезоната 2011/2012 кога имаше 12 триумфи во низа.