Ракомет
Поништена ракометната сезона во Хрватска!
Управниот одбор на Хрватската ракометна федерација (ХРС) ги откажа сите натпревари во лигат и купот, оваа сезона, велат од организацијата.
Значи, со други зборови, тоа значи дека Хрватска ќе остане без ракометни шампиони оваа сезона во сите категории во кои не завршија натпреварите.
Нема да има ниту испаѓање, ниту влез во повисоките редови.
„Сите клубови го задржуваат својот статус во следната сезона 2020/2021 година во лигата на која припаѓале, на почетокот на сезоната 2019-2020, што значи дека не мора да испаѓаат или рангираат повисоко. За европските ракометни лиги, како и за СЕХА – Гаспром лига во сезоната 2020-2021, ќе се пријават клубови кои го стекнаа овој статус на крајот на сезоната 2018/2019“, се вели во соопштението.