Connect with us

Фудбал

Понуда од Наполи за Ибрахимовиќ, Швеѓанецот бара повеќе

Наполи наводно му понудил договор на Златан Ибрахимовиќ, но напаѓачот на ЛА Галакси бара пет милиони евра за 18 месеци.

Претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис вчера потврди дека сака да потпише со Ибрахимовиќ во јануари.

Сега, „Gazzetta dello Sport“ пренесува дека 38-годишниот фудбалер бара договор во вредност од пет милиони.

Весникот додава дека Наполи ја „проучува ситуацијата“, но подготвени се да му понудат само 1,5 милиони евра до крајот на сезоната, со можност за продолжување на уште една сезона.

Поранешниот напаѓач на Јувентус, Интер и Милан ќе стане слободен агент во декември кога истекува неговиот договор.