Фудбал
Понудата на Барса наводно веќе пристигна: „Му ветив на Сандро дека може да избере клуб“
„Бисерот“ на Бреша, Сандро Тонали, веќе долго време се нарекува новиот Андреа Пирло. Тоа не се случи туку така, Тонали е еден од најталентираните играчи од средниот ред во Италија во последно време.
Одамна има голем интерес за младиот Тонали. Јувентус, Интер и ПСЖ, исто така, го свртија погледот, но денес пристигнаа шпекулации дека Барселона веќе испратила направила понуда.
Каталонците наводно понудиле 60 милиони евра и два „младинци“ за Тонали.
Сепак, нема да биде клубот тој што ќе одлучи која понуда да ја прифати. Претседателот на Бреша, Масимо Селино, посочува дека му ветил на Тонали дека ќе има право да избере во кој клуб сака да оди.
„Многу големи клубови го сакаат, но сè уште не сум преговарал поради ветувањето што му го дадов на него“, рече Селино за „Радио Спортива“, додавајќи:
„Му ветив дека тој ќе има приоритет во изборот и дека тогаш ќе ги проценам условите“.
Сепак, Селино сонува Тонали да остане во Бреша барем уште една сезона.
„Мојот сон е да го осигурам нашиот опстанок и даостане барем уште една година“, рече првиот човек на Бреша.
Бреша прекинот на натпреварувањео во Серија А го дочека на посленото место на табелата. Селино беше гласен во изнесувањето на своите ставови дека сезоната не треба да продолжи, но тој исто така се чини дека попушта.
Дали Бреша, ако продолжи сезоната, ќе мора да „преживее“ во елитата е тешко да се предвиди. Сепак, враќањето во Серија Б, исто така, би можело да биде поиздржано со заработката од потенцијалниот трансфер на Тонали.