Други спортови
Поправете го интернетот – Ѓоковиќ се уште не е најдобриот (ВИДЕО)
Били Џин Кинг, живата легенда на тенисот, ја покрена иницијативата „Поправи го Интернетот“.
Новак Ѓоковиќ неодамна ја освои својата 10. титула на Австралија опен и 22. Грен слем во кариерата, што го враќа на врвот на АТП листата.
Штефи Граф беше прва на ВТА листата 377 недели, додека Новак Ѓоковиќ беше прва на АТП листата 375 недели и се верува дека овој рекорд наскоро ќе биде соборен.
Поранешната американска тенисерка Били Џин Кинг ја покрена иницијативата „Поправи го Интернетот“ со цел да се исправат неправдите и да се стави женскиот спорт на еднаква основа со машкиот преку попрецизни информации и подобро известување.
„Поправете го интернетот е глобална иницијатива создадена за да ги исправи грешките кон женскиот спорт и да го направи тој рекорд повидлив. Кога на интернет ќе напишеме тенисер кој најдолго беше светски број 1, резултатот ќе каже Новак Ѓоковиќ, но тоа е всушност Штефи Граф Новак наскоро ќе биде најдобар, но дајте и на Штефи она што го заслужува“, изјави Били Џин Кинг.