Connect with us

Фудбал

Попусто се радуваа навивачите, Манчестер Јунајтед не сака да плати 80 милиони евра за Фернандеш

Обидите на Манчестер Јунајтед да го земе играчот од средниот ред на Спортинг Лисабон, Бруно Фернандеш, може да пропаднат, откако двата клуба не можат да се договорат за износот на трансферот. Португалскиот клуб бара 80 милиони евра за 25-годишниот фудбалер, но од „Олд Трафорд“ одбиваат да ја платат сумата.

Преговорите за играчот се уште се во тек, но веројатноста да не се стигне до трансфер се зголемува. Самиот Фернандеш веќе преговарал за личните услови со „црвените ѓаволи“, очекувајќи тој да биде на „Енфилд“ за утрешниот судир меѓу Ливерпул и Манчестер Јунајтед во Премиер лигата.

Во текот на летото, играчот беше посакуван и од Тотенхем, но Спортинг одби понуда во вредност од 45 милиони евра за него.