Connect with us

Други спортови

Поради дождот одложен стартот на Ф1 трката во Монако

Стартот на денешната трка за Големата награда на Монако во Формула 1 шампионатот, наместо во 15 часот како што беше првично планирано, започна во 16:05 часот.

Почетокот на трката беше двапати одложуван поради обилните врнежи.

Во 15.16 часот возачите го започнаа формацискиот круг зад безбедносните возила, а по пет минути беа истакнати црвените знамиња и возачите се вратија на боксот.

Домашниот возач и член на Ферари, Шарл Леклер ќе стартува од пол-позицијата, неговиот тимски колега Карлос Саинц е втор, додека возачите на Ред Бул, Серхио Перез и Макс Ферстапен се во втората стартна линија.