Connect with us

Фудбал

Поради коронавирус празни трибини во Милано

Мечот помеѓу Интер и Лудогорец, кој се игра во четврток, реванш дуел од осминафиналето од ЛЕ, ќе се одигра најверојатно пред празни трибини. Во Италија веќе неколку помали градови и региони се во карантин поради појавата на коронавирусот. Викендов беа одложени поголемиот дел од фудбалските мечеви, но и сите спортски натпреварувања.

Сега стигнува информација дека мечот Интер-Лудогорец најверојатно ќе се одигра пред празни трибини поради страв од ширење на коронавирусот.

Интер славеше на првиот меч во Бугарија со 2:0.