Connect with us

Други спортови

Поради ковид-карантин публиката не го дочека крајот на дуелот Ѓоковиќ – Фриц

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во осминафиналето на Австралија Опен, по тешката победа над Американецот Тејлор Фриц (3-2).

Долгиот натпреварот кој траеше 3 часа и 15 минути, почна во присуство на гледачи, но заврши пред празни трибини.

Поради новиот ковид-карантин организаторите, за време на четвртиот сет околу 22,30 часот по локално време, ги повикаа гледачите да ги напуштат трибините на Род Лејвер арената.

Организаторите ги повикаа гледачите да ги напуштат трибините, со цел да стигнат во своите домови до полноќ, кога во сојузната држава Викторија стапи на сила петдневен карантин поради 13 позитивни случаи на Ковид – 19 на подрачјето на Мелбурн.