Фудбал
Поради љубомора кон Мбапе!? Перез им ги покачи платите на суперѕвездите во Реал Мадрид
Флорентино Перез, претседателот на Реал Мадрид, одлучи да им ја зголеми платата на двајца фудбалери, за да не се лутат бидејќи Килијан Мбапе е единствениот кој има плата од 15 милиони евра.
За да спречи потенцијален бунт во соблекувалната поради нееднаквите плати, Флорентино Перез, претседателот на Реал Мадрид, одлучи да ја следи старата поговорка: подобро е да се спречи отколку да се лекува. Како што е веќе познато, „кралскиот клуб“ во текот на летото го додаде Килијан Мбапе, кој дојде од ПСЖ како слободен играч и кој според медиумите добива 15 милиони евра нето. Во Реал се најдобрите фудбалери кои можеме да ги гледаме во моментов, а се издвојуваат суперѕвездите Џуд Белингам и Винисиус Јуниор кои се најзаслужни за минатогодишната двојна круна.
Па, за гореспоменатите двајца случајно да не помислат дека се помалку вредни од Мбапе, Перез решил да им ги покачи платите за пет милиони, а заработката да ја изедначи со Килијан. Перез е секако многу искусен, долго време успешно го води Реал Мадрид и многу добро знае како да реагира кога ќе се разгорат страстите меѓу ѕвездите. Заедништвото во соблекувалната е она што го држи Реал Мадрид на врвот со години, а Перез со овој потег се погрижи никој да не се налути.