Фудбал
Поради направена операција, Педро ќе го пропушти стартот на новата сезона во Рома
Педро има дислокација на рамото, па сега после хируршкиот зафат ќе мора да помине шест недели во рехабилитациски процес, а дури потоа да почне да тренира, што значи дека нема шанси да биде подготвен за стартот на новата сезона.
Шпанската ѕвезда Педро Родригез кој несреќно се повреди во последните секунди од финалето во ФА-Купот за Челси, откако веќе договори трансфер во Рома.
Екс-фудбалер на Барселона, се повреди во судиското надополнување од финалето и денеска бил опериран.