Фудбал
Поради настаните на Косово, се одложува „вечното дерби“, популарните „Делии“ тагуваат по нивниот член!
Во деветтото коло во Супер лигата на Србија, за 27 септември од 19:00 часот е закажано „вечното дерби“ – пресметката помеѓу Партизан и Црвена звезда, на стадионот во Хумска! Ден пред натпреварот се појасно е дека поради ситуацијата на Косово, каде што беа убиени четворица Срби кои учествуваа во терористичка акција и напад врз косовската полиција, овој меч нема да се одигра.
Владата на Србија среда го прогласи за Ден на жалост во целата земја! Според тоа, се очекува целото деветто коло од Суперлигата на Србија да биде поместено во нов термин!
Инаку, популарните „Делији“ тагуваат за загубата на еден од нивните членови. Наводно, станува збор за Стефан Недељковиќ. Тој е еден од оние кој учествувал во терористичкиот напад и еден од убиените.