Connect with us

Фудбал

Поради политичките ставови Озил остана без 25 милиони евра!

Германскиот весник „Билд“ пишува дека ѕвездата на Арсенал остана без договор со „Адидас“ вреден 25 милиони евра за седум години. Како што пишува „Билд“, а потврда нема од компанијата, „Адидас“ наводно одлучил да ја прекине соработката со Месут Озил поради неговите политички ставови изнесени во претходниот период.

Озил предизвика револт во Германија откако имаше средба со Реџеп Тајип Ердоган, а нешто подоцна турскиот претседател му беше и гостин на свадбата.

Исто така Озил имаше остри критики јавно упатени кон Кина поради односот и мачењето на ујгурските муслимани во оваа земја. Очигледно дека неговите ставови не им се допаѓаат на компаниите.

Освен „Адидас“ и „Мерцедес“ претходно го откажа спонзорскиот договор со Месут Озил.