Connect with us

Други спортови

Поради страв од „коронавирусот“, пилотот завршува 2 недели во карантин

Формула Е небележи добри моменти. Минатата недела беше откажана трката од овој шампионат, што требаше да се одржи во Сања, Кина, поради „коронавирусот“. Во меѓувреме, денес, кинески пилот кој се натпреварува во овој спорт, заврши во карантин.

Тоа е Ма Кинг Хуа, кој го напушти родниот град и вчера пристигна во Мексико за трка што ќе се одржи таму на 15 февруари. Веднаш по слетувањето во Мексико, тој беше ставен во карантин и ќе остане изолиран до денот на трката.

Веста беше потврдена од тимот на пилотот.

„Сите членови на тимот се во добра форма и ја спроведоа одлуката на кинеската влада. За да се избегнат какви било проблеми во боксот, Ма Кинг Хуа ќе остане во карантинот сè додека не започне трката“.