Connect with us

Фудбал

Поради страв одбија да играат натпревар од квалификациите

Во последниве денови ширум Европа се играат квалификациите Европското првенство, додека во Азија започнаа подготвителните натпревари пред квалификациите за пласман на Мундијалот 2022. година.

Меѓу селекциите кои настапуваат се и репрезентациите со најнизок коефициент на ФИФА ранг листата.

Во четврток го играа првиот натпревар, додека реванш натпреварите се закажани за 11. јуни, но еден, судејќи по се’ нема да биде одигран.

Откако Макау на домашен терен со минимални 1:0 ја совлада Шри Ланка, федерацијата на таа земја одби да го игра реванш натпреварот во Коломбо.

Неодамна во Шри Ланка се направени неколку терористички напади, па поради страв од можни атентати Макау не сака да го одигра реванш натпреварот.

ФИФА го одби барањето за одигрување на натпреварот на неутрален терен, а според правилникот Макау би требало да биде исфрлен од членството на ФИФА.