Други спортови
Поради тенискиот турнир и политичари во самоизолација
Откако беше потврдено дека тенисерот Григор Димитров е позитивен, а потоа позитивен тест имаше и Борна Ќориќ и уште двајца тренери, неколку политичари заминаа во самозиолација.
Иако претставници на хрватската Влада првично рекоа дека премиерот Андреј Пленковиќ ќе биде тестиран доколку е потребно, утрово потврдија дека Пленковиќ ќе се тестира денеска.
Хрватскиот министер за внатрешни работи Давор Божиновиќ порача дека сите кои биле дел од тој турнир и имале контакт со тенисерите ќе треба да одат во самоизолација. Наскоро и епидемиолозите ќе ги контактираат. Овен премиерот Пленковиќ, на турнирот била и поранешната претседателка на Хрватска, Колинда Грабар Китаровиќ, но и уште неколку познати личности од политичката сцена.
„Адриа Тоур“ турнирот е во организација на Новак Ѓоковиќ, а освен во Белград, требаше да се одржи и во Задар, но по позитивните тенисери, трнирот е откажан.