Connect with us

Фудбал

Поради тешкиот инцидент, Стефан Ристовски и соиграчите од Динамо Загреб преку тајна рута ја напуштиле Атина

Шампионот на Хрватска вчера се врати од главниот град на Грција, но поради се што се случуваше полицијата мораше да организира посебна рута за играчите на хрватскиот тим поради страв од одмазда.

Фудбалерите на Динамо во вторникот околу шест попладне допатуваа во Загреб, но без вообичаениот протокол. Така тие патуваа по посебна релација и не отидоа од главниот аеродром во Атина, туку беа однесени на секундарен, мал аеродром од кој патуваа со чартер до Загреб. Дополнителни сили го обезбедија хотелот во кој престојуваше клупската делегација и играчите. Слични предизвици грчката полиција ќе има за десетина дена, кога треба да се одигра одложенит меч во Атина.