Други спортови
Поради трагедијата во Тетово одложени спортски натпревари во Македонија
Комисијата за натпреварување во Фудбалската федерација на Македонија го информира фудбалското семејство и клубовите од Прва и Втора МФЛ дека Владата прогласи тридневна жалост на територијата на цела Македонија по големата трагедија во Тетово во која животот го загубија 14 лица. Планираните натпревари од 3. коло во Втората македонска фудбалска лига (исток и запад), ќе се одиграат в недела. Со едноминутно молчење пред секој натпревар во Прва и Втора МФЛ (исток и запад) ќе им биде оддадена почест на жртвите од големата трагедија.
Ракометната федерација информираше дека поради истите причини првото коло од ракометната Супер Лига предвидено за денес (09.09.2021 г.) се одложува за недела (12.09.2021 г.).
Инаку, синоќа во пожар во Ковид центар во Тетово, каде имало 26 пациенти кои се лекувале од Ковид 19, загинаа 14 лица, а 12 се потешко или полесно повредени.