Фудбал
Поради земјотресот турскиот тим се откажа, а Македонецот е позајмен на тим од Словенија!
Македонскиот интернационалец Лука Станковски кариерата ќе ја продолжи во словенечкиот тим Горица. Одлуката падна откако турскиот тим Газиантеп, каде што настапуваше, се откажа од натпреварувањето во Турската Супер лига, поради последиците од силниот земјотрес кој го погоди овој град, но и уште неколку градови во Турција по кој има голем број на жртви и повредени.
Македонскиот интернационалец Станковски за време на земјотресот за среќа беше во Скопје.
Станковски минатата година го напушти Работнички и се пресели во Газиантеп за обештетување од 600.000 евра.