Connect with us

Кошарка

Пораката на Ванеса Брајант го расипува срцето на сите: Го гледам моето девојче повторно насмеано и среќно …

Смртта на легендата во НБА, Коби Брајант и неговата 13-годишна ќерка Џиана го растажи светот на кошарката.

Таткото и неговата ќерка со седум други загинаа во хеликоптерска несреќа, а сопругата на легендарниот кошаркар Ванеса не престанува да пишува тажни пораки откако ги загуби сопругот и ќерката.

Таа сè уште е во сериозен шок, а новата порака што ја остави на Инстаграм го распарува срцето.

„Го гледам моето девојче повторно насмеано и среќно со кошаркарска топка под нејзината рака и виолетово-жолта тренерка. Тоа го загреа моето срце. Мојата Џиџи.“

Ванеса зад Коби остана со уште три ќерки на возраст од 16години, 3 години и седум месеци.