Connect with us

Фудбал

Поранешен дефанзивец на Ливерпул ја заврши кариерата

Поранешниот дефанзивец на Ливерпул и капитен на словачката репрезентација Мартин Шкртел објави дека става крај на својата фудбалска кариера. 37-годишниот дефанзивец последен пат играше за својот матичен клуб Спартак (Тарнава). Пред тоа играше и за Тренчин, Зенит (Санкт Петербург), Ливерпул, Фенербахче, Аталанта и Истанбул.

Тој се пресели во Ливерпул во јануари 2008 година од Зенит за сума од 6,5 милиони фунти и одигра 320 натпревари за „црвените“ за време на неговиот престој од 8 и пол години во клубот.

Шкртел има 6 гола на 104 натпревари за репрезентацијата на Словачка од 2004 до 2019 година. Дефанзивецот четири пати беше избран за фудбалер број 1 во својата татковина.