Фудбал
Поранешен фудбалер на Арсенал и уште две жени уапсени поради шверц на поголема количина дрога
Поранешниот напаѓач на Арсенал Џеј Емануел Томас е обвинет за шверц на дрога откако на аеродромот Стенстед беше запленето големо количество канабис.
Фудбалерот е уапсен во Шкотска под сомнение дека организирал обид за увоз на канабис во вредност од 600.000 фунти од Тајланд преку аеродромот Станстед. Според податоците на Националната агенција за борба против криминалот, на 2 септември во два куфери биле откриени околу 60 килограми дрога.
Полицајците подоцна го приведоа фудбалерот – кој Арсен Венгер еднаш го опиша како „исклучително добар“.
Соопштено е дека се уапсени уште две жени и дека против нив е покренато обвинение. Максималната казна за шверц на канабис во Велика Британија е до 14 години затвор. Џеј Емануел Томас беше член на јуниорските репрезентации на Англија, а претходно играше за клубови како Ливингстон, Абердин, Ипсвич, Бристол Сити, Квинс Парк Ренџерс, Арсенал и тајландскиот тим ПТТ Рајонг. Напаѓачот потпиша шестмесечен договор со тимот од шкотскиот шампионат Гринок Мортон во јули.