Connect with us

Фудбал

Поранешната бразилска ѕвезда има рок од 15 дена за жалба, му се заканува долг престој во затвор поради обвинување за силување!

Поранешниот бразилски фудбалер Робињо има рок од 15 дена да поднесе жалба на барањето за негово апсење од страна на Италија, откако таа земја во отсуство го осуди на девет години затвор за силување на 23-годишна девојка во Милано. Во спротивно, поранешниот напаѓач на Реал и Милан ќе биде приведен и испратен на издржување затворска казна.

Тоа е епилогот од одлуката на Високиот суд во Бразил. Судот едногласно го отфрли барањето на неговиот адвокат да го анализира целосниот превод на постапката и казните изречени во Италија. Робињо беше осуден во 2017 година (пресудата потоа потврдена во 2022 година), но пред тоа побегна од Италија во Бразил, кој не ги екстрадира своите граѓани во други земји. Затоа италијанските власти бараат тој да биде уапсен и да ја отслужи казната во Бразил. Дали ќе биде така, Вишиот суд конечно ќе одлучи по истекот на споменатиот рок за жалба.

Да потсетиме, поранешниот бразилски репрезентативец беше осуден за учество во групен сексуален напад во Милано во 2013 година, а потоа обвинителството распиша меѓународна потерница. Неговите адвокати рекоа дека Робињо имал „согласни сексуални односи“ со младата жена, како и петмина негови пријатели.