Поврзи се со нас

Тајмаут

Поранешната девојка на Гигс се појави во јавноста, со јасно видливи модринки на лицето (ФОТО)

Поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Рајан Гигс повторно се најде во центарот на скандалот откако беше уапсен на почетокот на овој месец.

Гигс беше уапсен во неговиот дом во Манчестер кога неговата сега веќе поранешна девојка Кејт Гревил го пријави за физичко насилство.

За Гигс, ова не е прв пат да биде обвинет за тепање на својата девојка, а овој пат ја помина ноќта во затвор. Гигс не беше ниту на клупата на Велс на последните натпревари поради овој скандал, а како што стојат работите, тој може да биде отпуштен од селекторската позиција.

Поранешната девојка на Гигс, Кејт, за прв пат се појави во јавноста, а на нејзиното лице може да се видат скандалот и модринки.

Таа неодамна изјави дека тоа биле двете најлоши недели од нејзиниот живот затоа што Гигс ја претепал неколку пати. Наводно, тој дури имал и две љубовнички што било причина за расправијата, а кога Кејт го дознала сето тоа ја претепал.

loading...

Facebook