Connect with us

Фудбал

Поранешната шпанска надеж ја заврши кариерата на 32 години

Поранешниот играч на Атлетик Билбао, Ибај Гомез, на 32-годишна возраст ја заврши фудбалската кариера. Тоа го направи со видео на социјалните мрежи.

„Колку и да е комплицирано, мојата глава и срце ми кажуваат дека е време да кажам нешто…“ напиша Ибај над видеото со кое ја објави веста.

Покрај Атлетик, каде беше ѕвезда во периодот 2011-2015 година, играше и за Санточу, Честао Ривер, Депортиво Алавес, Фулад Кузестан и неодамна во Депортиво Ла Коруња каде се пресели во јули годинава.