Connect with us

Фудбал

Поранешната sвезда на Јунајтед го напаѓа Меси: „Тој го направи она што го обожаваат новинарите“

Атмосферата во домот на Барселона не е добра по судирот меѓу Меси и Ерик Абидал поради наводните проблеми меѓу играчите и поранешниот тренер Ернесто Валверде. Ситуацијата дополнително е влошена и со елиминацијата на „Каталонците“ од Купот на кралот.

За ова прашање зборуваше и поранешниот напаѓач на Манчестер Јунајтед, Димитар Бербатов, кој го критикуваше Меси во интервју за „Бетфаир“.

„Несогласување има во сите големи екипи, но сите, од играчите до лидерите, мора да запомнат да играат во ист тим“, рече Бербатов.

„Таквите работи не треба да излегуваат од клубот. Играв со Абидал во Монако. Бев шокиран кога Меси оваа недела толку отворено го критикуваше. Тој го направи она што го обожаваат новинарите”.

„Меси е толку важен за тимот што може да се каже дека тој е Барселона. Сепак, се надевам дека Меси и Абидал се во можност да ги решат своите проблеми што е можно поскоро“.