Други спортови
Поранешната ѕвезда на УФЦ живее продавајќи чорапи: „Колку повеќе ги носам, толку е поголема цената“
Поранешната ѕвезда на УФЦ, Фелис Хериг (37) се откажа од кариерата во најпрестижната ММА промоција и започна многу чуден, но многу профитабилен „бизнис“.
Една од најубавите борци на УФЦ во јуни оваа година го доживеа четвртиот последователен пораз и тогаш донесе одлука да ја заврши кариерата и повеќе да не се бори во октагонот. Така таа си замина од ММА со биланс од 14 победи и 10 порази.
Откако се бореше во други промоции околу 10 години, Фелис Хериг го имаше своето деби во УФЦ во 2015 година во друштво на Пејџ ВанЗант. Сега, седум години подоцна, Американката и се врати на првата љубов, боксот со голи раце, но има и „работа“ која и носи значителни приходи. Станува збор за нешто многу необично.
Таа на Интернет продава фотографии од своите стапала, но тоа не е се. Поранешната борец ги продава и своите користени чорапи, за кои се плаќа по околу 150 долари по пар.
„По мојата прва операција на коленото, не можам да кажам дека имав скршеница, но повеќе не добивав пари. Луѓето секогаш беа опседнати со моите стапала. Неодамна купив куќа и ми требаа пари. Ако сакате нозе и стопала , Јас сум девојката за тебе. Ги продавам и моите чорапи. Колку подолго ги носам, толку е поголема цената. Еден пар чорапи во просек чинат околу 150 долари“, изјави Фелис за The Sun.