Connect with us

Фудбал

Поранешниот играч на Барселона, Јувентус и ПСЖ изгледа како Робинсон Крусо

Некои фудбалери по завршувањето на кариерата и враќањето дома исчезнуваат од медиумската сцена во Европа и на некој начин паѓаат во заборав.

Нешто слично се случи и со Хуан Пабло Сорин, некогаш одличниот аргентински лев бек кој го капитен на Аргентина на Светското првенство во 2006 година.

Овој 43-годишник денес личи на Робинсон Крусо од романот на Даниел Дефо. Сорин има долга коса и брада и оние кои го паметат од фудбалскиот терен, тешко дека ќе го препознаат денес.

Аргентинецот моментно живее во бразилскиот град Бело Хоризонте, а неодамна настапуваше за легендите на Барселона во ревијалниот натпревар во Богота.

По тој натпревар, Сорин повика да се прекине со дискриминацијата на девојчињата во фудбалот и дека сите заслужуваат да ги имаат истите права.

„Сите ние имаме исти права да уживаме во оваа страст. Девојките имаат право да сонуваат. Многу години, фудбалот беше машки спорт, тоа не беше фер. Тоа треба да запре”, рече Сорин.

Покрај Барселона, Сорин играше за Јувентус во Европа во сезоната 1995/96, а беше член на Лацио, ПСЖ, Вилјареал. Тој ја заврши кариерата во Крузеиро пред десет години.