Connect with us

Фудбал

Поранешниот играч на Интер ги изненади сите: Можев да бидам како Меси и Роналдо, но не сакав!

„Ако би живеел 100% за фудбал, тогаш ќе бев на исто ниво со Меси и Роналдо. Не сакав да го сторам тоа и не жалам!“.

Овие зборови неодамна ги кажа Весли Снајдер.

Поранешниот играч на Реал Мадрид и Интер изненади со неговата изјава велејќи дека би можел да биде на ниво на Меси и Роналдо, но самиот не сакаше да го стори тоа. Нешто такво, рече Снајдер во приказната за „Фокс спорт“.