Connect with us

Други спортови

Поранешниот претседател на Формула 1 го брани Путин: Големата награда на Русија е неоправдано откажана

Рускиот спорт се соочува со тешки санкции во екот на агресијата против Украина.

Додека спортскиот свет продолжува да ја осудува руската инвазија на Украина, поранешниот претседател на Формула 1, Берни Еклстон, исто така сакаше да даде свое мислење за конфликтот во Украина.

„Како личност, јас го сметав за многу директен и чесен. Владимир го направи токму она што рече дека ќе го направи без никаква дискусија“, започна Еклстон, расправајќи се во корист на рускиот претседател на радио Тајмс, додавајќи : “Но понекогаш околностите се менуваат, нели?”

Исто така, од негова перспектива, неоправдано е откажувањето на Големата награда на Русија.

„Претпоставувам дека зависи од луѓето вклучени во настанот да одлучат. Како може некој да процени што се случува денес? Можеби има луѓе кои мислат дека Русија ја направи вистинската работа.

Инаку, Еклстоун е пријател со Владимир Путин, а познат е и по тоа што признава дека верува во диктатурата како идеален политички систем и уверува дека Путин ќе биде голем лидер во Европа.