Connect with us

Други спортови

Поранешниот претседател на Светска атлетика осуден на затворска казна!

Поранешниот претседател на Светската атлетика, односно Меѓународната атлетска федерација е осуден на четири години затвор, од кои две се условно.

Диак (87) беше осуден за корупција во случај на криење скандал со допинг што ја потресе руската атлетика.

Диак примил мито од скоро 3,5 милиони евра од спортисти осомничени за допинг веднаш штом, како што соопшти спортското обвинителство, „ги поткопал атлетските вредности и борбата против допингот“.

Покрај тоа што ќе мора да замине зад решетки, Диак ќе треба да плати и казна од 500.000 евра.

loading...

Сенегалецот беше претседател на поранешната ИААФ, а сега ВА од 1999 до 2015 година.

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com