Connect with us

Фудбал

Поранешниот репрезентативец му порача на Мбапе да порасне

Килијан Мбапе реагираше на неодамнешното реми со Ремс со многу критикуван пост на социјалните мрежи протолкуван како критика на тренерот за позицијата на која го постави.

Поранешниот француски репрезентативец Емануел Петит е еден од оние кои не ги разбираат ставовите на ѕвездата на ПСЖ и смета дека младиот напаѓач треба да „порасне“.

За француското радио RMC Sport, тој потсети дека „клубот е секогаш поважен од кој било играч“ и дека со оваа приказна Мбапе „ја омаловажи институцијата и соиграчите“.

„Тие велат дека некои ветувања не се одржуваат, но тоа ме тера да кажам: ’Килијан, порасни’. Таков е животот. Секој ден се даваат ветувања и многу се прекршуваат, но тоа значи дека треба да престанеш да работиш и да преиспитуваш сè. Очигледно не. Тоа е животот на возрасните“, рече Петит.

Според мислењето на поранешниот играч на Арсенал, Мбапе треба да ги реши „проблемите што ги има со себе“ и „што побрзо“ го стори тоа, тој смета дека „што побрзо ќе почне да дава повеќе на теренот“ и „да го подобри својот однос со соиграчите и навивачите“.

Пред вечерашниот натпревар со Бенфика во Лигата на шампионите, Мбапе наводно побарал што поскоро да си замине од Париз.

Во најавата за натпреварот против Бенфика, тренерот Кристоф Галтие беше запрашан за изјавите на Килијан Мбапе за улогата што напаѓачот на ПСЖ ја има на теренот.

„Тој веќе постигна 11 гола и знам дека ќе постигне уште. Да бидам искрен, тој не требаше да игра во Ремс, тој беше болен. Но веќе отсуство на Меси и Нејмар беше неизвесно поради проблеми со мускуите. Ако имаше можност да ги имавме подготвени Меси и Нејмар, тој да не игра. Мбапе играше болен и уморен во натпревар кој не беше добро за нас. Потоа седуваше неговата реација. Да бидем исктрен, ова се разговори кои често ги водам со нив“, рече Галтие.

Тренерот исто така рече дека побарал засилување за нападот, за Мбапе да биде што поудобен на теренот и нагласи дека техничкиот тим внимава на мислењата на играчите.

„Не знам што му рекоа пред да пристигне, но разговарав со Луис Кампос и со претседателот многу пати во текот на летото за да побарам друг напаѓач, со различен профил, за да му дозволам на Килијан да игра почесто на неговата претпочитана позиција. Играчот не пристигна, но имаме други елитни играчи. Тој е паметен. Вчера долго разговаравме за тоа и разменивме идеи“, увери парискиот тренер.