Други спортови
Поранешниот сопственик на Формула 1 ги растажи фановите на Мајкл Шумахер
Мајкл Шумахер е во кома веќе шест години, откако доживеа ужасна несреќа кога на крајот на 2013 година на скијање на француските Алпи удри во карпа.
Тој беше опериран двапати по несреќата и помина скоро половина година во индуцирана кома. Во септември минатата година, тој беше тајно примен во болница во Париз, каде што беше подложен на операција на матични клетки.
Тој во моментов е во неговата вила на езерото Женева, Швајцарија, но нема оптимистичка вест во врска со германската возачка легенда и седумкратниот победник во Формула 1.
Никој не може да ги земе неговите титули, но иако го сметаат за најдобар, Шумахер не го гледаат сите како играч број еден во историјата на Формула 1, вклучително и поранешниот сопственик на Формула 1, Еди Џордан (72).
„Без сомнение Мајкл имаше неверојатен талент. Сепак, тој не беше тимски играч. Еди Ирвин, Рубенс Баричело или некој друг мораше да биде број два и секогаш да потпише дека е зад Шумахер“, изјави Џордан.
И тогаш тоа вечно прашање, кој е најголем од сите времиња?
„Мајкл беше навистина неверојатен возач, голем талент, но исто така беше и Аиртон Сена. Сепак, мојот одговор секогаш ќе биде Ален Прост”.
Актуелниот шампион Луис Хамилтон има шест титули, дали може да ги надмине сите свои претходници?
„Тој ги има сите шанси да стане најдобар на сите времиња“, заклучи поранешниот човек на Формула 1, чии трки се одложени оваа сезона до понатамошно известување заради пандемија на коронавирусот.